Лазаров: Мораме да се разбудиме против Кил и Барселона

Екипата на Веспрем славеше на гостувањето кај Нант во првото коло од Лигата на шампионите со 28:24. Во пресметката на македонските репрезентативци победата му припадна на помладиот, Манасков.

Капитенот на репрезентацијата на Македонија беше еден од најдобрите на теренот во својата екипа со пет гола. После мечот на стандардната прес-конференција Лазаров го прокоментира натпреварот и призна дека денеска противникот бил подобриот тим.

Го изгубивме овој натпревар, но имавме шанси да победиме против Веспрем. Тие се еден од најдобрите тимови во светот и имаат големи шанси да ја освојат Лигата на шампионите годинава. Денеска Веспрем ја заслужи победата, имаа одличен голман. Не сме среќни после овој пораз, но мораме да продолжиме понатаму. Мораме да се разбудиме и да бидеме подобри против Кил и Барселона, сè уште е почеток на сезоната. Ние имаме добар тим и сигурен сум дека ќе бидеме подобри во наредните натпревари“, рече Кирил Лазаров на прес конференцијата по натпреварот.

Следниот натпревар на Кирил Лазаров со Нант во Лигата на шампионите е против Кил на гостински терен каде што уште еднаш капитенот и колегите ќе имаат многу тешка задача да стигнат до првите бодови.