Лазаров: Многумина нè отпишаа, но и по мојата генерација ќе има ракомет во Македонија

Капитенот и селекторот на Македонија, Кире Лазаров, во интервју за „Спортклуб“, откри дека посакува нашата репрезентација да освои медал на големо натпреварување.

Лазаров знае дека го чека ммогу работа во процесот на создавањето на нова генерација.

„Нашата репрезентација во моментов е во фаза на транзиција, смена на генерации. Ме чека доста работа, целта е да се создаде таа една нова генерација, како мојата земја би била мирна во следните 10 до 15 години. Предизвикот е да се обидеме да направиме квалитетен производ, кој ќе се чуе во Европа и светот. Немаме многу материјал, но веруваме дека можеме и на овој начин, многумина веќе нè отпишаа, велеа дека по мојата генерација нема да има ракомет во Македонија. Сакаме да им покажеме на сите дека не биле во право“, вели Лазаров.

Тој вели дека Македонија ќе биде конкурентна и дека амбициите се полуфинале и медал на големо натпреварување.

„Да, ќе бидеме конкурентни, секако дека нашиот сон е полуфинале и медал. Можеби ќе биде потребно малку повеќе време, работите да „легнат“, но ако не верував, немаше да да се нафатам на овој тежок предизвик и тоа во момент кога сите се откажаа и ги „погребаа“ играчите и репрезентацијата“, заврши Лазаров.