Лазаров, Миркуловски, Кузмановски… во игра за компјутер и за плеј-стејшн (ВИДЕО)

Развојот на компјутерската технологија, но и сè поголемиот број на игри секој ден носи нови игри кои носат можност за секој вљубеник во нив да се пронајде и да може да се забавува.

Најновата најава доаѓа за игра симулатор „Handball 21“, која би требала да биде достапна од 12 ноември.

Според најавите во играта засега се претставенисите екипи од најсилните лиги во Германија, Франција и Шпанија.

Ова значи дека Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски,  Мартин Томовски и Дарко Димитриевски ќе бидат дел од оваа игра и ќе може да се игра со нивните тимови.

Како изгледа играта може да се види и од видеото во продолжение, па ова ќе биде навистина интересна забава со оглед на тоа што досега вакви игри се правеа главно за фудбал, кошарка, хокеј…