Лазаров и Ристовска се враќаат во ЛШ, таму ќе бидат и Манасков и Митревски

Покрај тимот на Вардар, што ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите, нашата држава ќе има уште тројца интернационалци во ова натпреварување.

Капитенот Кире Лазаров по една година пауза во која играше во ЕХФ Купот, со Нант се враќа во елитното друштво.

Покрај него, тука ќе биде и Сара Ристовска со нејзината ЦСКА Москва. Македонската репрезентативка претходно играше во ЛШ со Вардар и Крим.

Со новиот клуб Порто, и репрезентативниот голман Никола Митревски ќе ги продолжи настапите во Лигата на шампионите.

Стандардно во елитното натпреварување ќе игра унгарскиот гигант Веспрем и нашиот Дејан Манасков.

Ждрепката за групите ќе се одржи на 1 јули, а првото коло кај дамите е на 12 или 13 септември, додека кај мажите на 16 или 17 септември.