Лазаров и Нант освоија тешки бодови кај Шартр

Кире Лазаров и Нант имаа уште едно добро издание во домашното првенство и се вратија на победите после поразот од Барселона во Лигата на шампионите.

Нант забележаа втора победа во второто коло од домашното првенство, на гостувањето кај Шарт триумфираа минимално 25:24.

Почетокот на дуелот беше израмнет сè до 10. минута и резултат 4:4. Со серија од три гола Шартр го имаше првото поголемо водство и сè до 22. минута го диктираше темпото и резултатот. Во завршницата Нант успеа да израмни и на полувреме беше 13:13.

Неизвесноста продолжи и во вториот дел, но минималната предност беше на страната на Нант. После голема борба подобри на крајот излегоа гостинските ракометарите за перфектен почеток на новата сезона.

Кире Лазаров постигна два гола од кои еден од седмерец, а најефикасни со по пет гола во тимот на Нант беа Брие и Фигуерас со по пет погодоци.