Лазаров и колегите беа немоќни – ПСЖ остана перфектен, освои два бода и во Нант

Ракометарите на ПСЖ предводени од Раул Гонзалез дојдоа до победа од 30:29 на гостувањето кај Нант на Кирил Лазаров и освоија три важни бодови со кои само го зацврстија првото место на табелата.

Во текот на целата средба имаше интересен ракомет, а и двете екипи имаа свои моменти. И на двете страни имаше можност за да се дојде до посакуван резултат, но во прашање беа нијанси кои на крајот беа на страна на гостинскиот состав.

Нант ги доби првите 30 минути во кои водеше со 13:12, додека во финишот од средбата гостите беа тие што беа подобри и успеаја да стигнат до триумф од 30:29. На еден гол разлика за ПСЖ, Лазаров имаше шут за израмнување, но биеше лошо така што гостите отидоа на плус два и беше тешко да се дојде до подобар резултат во завршницата.

На овој натпревар Лазаров постигна два гола од шест удари. Во Нант најефикасни беа Ајмерик Мине со шест и Драган Печмалбек со пет гола. Кај победникот, ПСЖ, Беноа Конкоуд имаше седум погодоци, а Хенрик Тофт Хансен пет. ПСЖ имаше и порасположени голмани. Винсент Жерард го заврши натпреварот со 15 одбрани, додека Емил Нилсен од Нант имаше десет.

Со оваа победа тимот на ПСЖ само го зацврсти првото место на табелата. Има 26 поени од 13 средби, додека второпласираниот Нант има 21 бод од 14 одиграни натпревари досега. Ова е само знак дека ПСЖ продолжува да чекори сигурно и да оди кон нова титула.