Лазаров играше за последен пат, ПСЖ се радуваше на Куп трофејот!

Кире Лазаров го одигра својот последен меч во кариерата и во финалето во Купот на Франција не успеа да стигне до уште еден трофеј. ПСЖ го совлада Нант со 36:31 и јa освои двојната круна во Франција.

Лазаров на последниот свој натпервар не успеа да постигне погодок, а најефикасен во тимот на Нант беше Тибо Брие со осум гола. Во победничкиот тимсо по шест гола најпрецизни беа Пранди, Шипжак и Ремили.

Финалето започна максимално израмнето, се играше гол за гол без поголема предност на една од екипте. После 2:2 и 4:4, во 15 минута ПСЖ водеше со 7:6. Следуваше добар период на избраниците на Раул Гонзалес во кој ја направија клучната разлика.

За десет минути ПСЖ постигна десет гола и во 25. минута имаше највисоко водство од 17:1. До крај на првиот дел Нант успеа да намали еден гол од негативата и на одмор да замине со 13:18.

Во првите пет минути од вториот дел Нант намали на два гола, 18:20 и најави голема борба до крај. Сепак ПСЖ не дозволи целосен пресврт и со сигурна игра на крајот забележа убедлив триумф за освојување на Купот на Франција.