Лазаров е херојот – Нант ќе се бори за трофеј во Лига Купот!

Тимот на Нант обезбеди место во финалето на Лига Купот и утре ќе се бори за првиот трофеј оваа сезона.

Херој на натпреварот беше Кире Лазаров, кој го постигна победничкиот гол во триумфот над Монпелје со 27-26.

Монпелје и Нант одигра израмнет натпревар, ривалот водеше со 26-24 во последните две минути, но две одбрани на Емил Нилсен и погодокот на Лазаров беа доволни за финале.

Македонскиот капитен постигна два гола од пет обиди, а неговиот тим ќе се бори за трофеј против Шамбери.

Шамбери го шокираше составот на ПСЖ и го совлада со 29-28, но треба да се знае дека тимот на Раул Гонзалес играше без тројца играчи поради коронавирус, а Лука Карабатиќ беше повреден. Во составот освен Лука, ги немаше голманот Жанти, и крилото Конку.

МАЈСТОР НАД МАЈСТОРИТЕ: Проектилот на Лазаров од десет метри што го сруши Монпелје (ВИДЕО)