Лазаров денеска ги собира „новите деца“ (ФОТО)

Машката ракометна репрезентација, односно Б репрезентација на Македонија, составена само од суперлигашки играчи, денеска во 09:00 часот ќе го има првиот собир.

Селекторот Кире Лазаров ќе ја има првата прозивка пред пријателскиот двомеч со селекцијата на Србија претстојниот викенд.

На скратениот список Лазаров има 24 ракометари, дел од нив веќе имаат репрезентативно искуство, а дел од нив за првпат се на сениорски собир.

Денеска се игра завршниот турнир во младинската лига, а дел од играчите имаат се уште клупск обврски.

Пријателските натпревари меѓу Македонија и Србија се играат на 19 и 20 јуни, со почеток во 18:00, односно 16:00 часот.