Лазаров го скрати списокот, со 24 ракометари на двомеч против Србија

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров го скрати списокот за двобојот со Србија во рамки на подготовките.

Ова е состав во кој се наоѓаат главно ракометари кои добиваат помалку шанса досега така што сега претстои можност секој од нив да се наметне.

Од првичниот состав во кој имаше 35 играчи отпаднаа 11, па овие 24 кои сега најдоа место ќе треба да се јават на подготовки на 16 јуни в среда во 9 часот.

Натпреварите против Србија се играат на 19 и 20 јуни.