Лазаров во група каква можеше само да сонува, се враќа на терен кај своите поранешни

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров денеска ги дозна ривалите за новата сезона од Лигата на шампионите. Ждрепката му донeсе интересни ривали на тимот на Нант, а ова отвори простор за Лазаров да може да се соочи со тимовите кои ја градеше својата професионална кариера.

Со оглед на тоа што Сиудад Реал/Атлетико Мадрид повеќе не се натпреварува, останаа другите три екипи односно ППД Загреб, Веспрем и Барселона.

Трите се најдоа во иста група со Нант така што Лазаров ќе гостува во трите места каде што мина успешни години во својата кариера и редовно освојуваше трофеи.

Лазаров во 2000 година ја почна својата интернационална кариера, а после заминувањето од Пелистер првиот клуб му беше Загреб каде играше до 2002 година. Потоа пет години беше во Веспрем, а во 2007 година се врати во Загреб и играше до 2010 година.

Три години беше дел од Сиудад Реал односно Атлетико Мадрид, па во 2013 година стана член на Барселона и таму беше до 2017 година по што се пресели во Нант.

Ова ќе бидат интересни дуели на кои Лазаров ќе има можност уште еднаш да се појави пред публиката каде што имаше големи настапи во својата кариера. Воедно ќе има пресметка и со Дејан Манасков кој е дел од Веспрем.

Секако ова ќе биде многу значајна сезона за Лазаров кој е на залез од својата кариера. Затоа секој натпревар кој ќе го одигра против екипите каде што има играно е од големо значење и за него и за тимовите чиј дрес го има носено.

Нант се најде во тешка група каде што е и Кил, Алборг, Мотор Запорожје и Целје.