Кушан откри: Условите во Македонија во однос на Хрватска се како небо и земја!

Едно од новите засилувања во Еурофарм Пелистер е пивтоменот Томислав Кушан, кој остави одличен впечаток на пријателските натпревари.

Ракометниот пат го почна во Дубрава, а потоа играше за Медвешчак и Пореч, пред да замине во шпанската Ла Риоха, каде остана три сезони.

Од ова лето е член на битолскиот тим, кој има големи амбиции и на домашна и на меѓународна сцена во новата сезона.

„Ми беше доста од животот во Шпанија и сакав да ја променам средината, сакав нов предизвик во кариерата. Еурофарм Пелистер има добар проект и сериозна екипа, па ако продолжи клубот да се развива со ова темпо, ќе биде на највисоко ниво“, вели Кушан за „Спортске Новости“.

Тој во Битола соработува со неговиот сонародник Жељко Бабиќ, а тука се и хрватските играчи Мандалиниќ и Мараш.

„Бабиќ е тренер кој бара многу, но е потополно различен од шпанските тренери. Тој секогаш излегува во пресрет, секогаш сака да има комуникација со играчите, во Шпанија имаат многу поладен однос. Кога се тренира и игра, Бабиќ бара максимум и професионален однос, но секогаш е подготвен за разговор со играчите. Екипата е одлична, сите ме прифатија добро, се сложуваме одлично. Лесно е кога сите сме Балканци, во Шпанија бевме сите од различни страни. Овде се чувствувам како дома, а цела Битола дише и живее за ракомет“, продолжува Кушан.

Пикерот открива дека условите во Македонија во однос на неговата татковината се неспоредливо подобри.

„Разбирам што некои луѓе во Хрватска можеби се скептични, но конкретно во Битола условите се на највисоко ниво, тоа воопшто не може да се споредува со хрватската лига, ни приближно. Тоа е како небо и земја“, заврши Кушан.

Еурофарм Пелистер во овој период игра само пријателски натпревари, а оние за бодови ќе ги почне на почетокот на октомври во СЕХА лигата и во Лигата на Европа.