Куп на Македонија: Осум екипи денеска му се придружуваат на Вардар во четвртфинале

Денеска продолжуваат натпреварите од Купот на Македонија, а се играат осум средби така што уште осум екипи вечерва ќе му се придружат на Вардар во четвртфиналето.

На терен ќе се најдат суперлигаши против прволигаши, а ќе има неколку интересни средби.

Очекувано суперлигашите влагаат како фаворити во оваа пресметка, но ќе мора тоа да се покаже и на теренот. Дали ќе биде така ќе се види после одигрувањето на средбите кои дефинитивно ќе донесат возбудувања.

Во продолжение можете да ги видите сите дуели кои се играат и денеска и утре.

КУП НА МАКЕДОНИЈА

ВАРДАР – ТЕКСТИЛЕЦ   47:11

СРЕДА, 24 ФЕВРУАРИ

17:00ч

РИНИА М – РАБОТНИЧКИ

Сала: 7 Март во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

18:30ч

ПРОЛЕТ 62 – ГРК БОРЕЦ

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

ПРИЛЕП – АЕРОДРОМ

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Саше Јанкуловски од Битола.

19:00ч

ПРЕСПА – СТРУГА

Сала: „Зоре Стојановски“ во Ресен. Судии: Иван Илиевски од Битола и Александар Шуковски од Ресен. Делегат: Дане Ѓоргиевски од Ресен.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ЈЕХОНА

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

КИЧЕВО – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – ДРАЧЕВО

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

19:30ч

ШАМПИОН – ГРК ТИКВЕШ

Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ЧЕТВРТОК, 25 ФЕВРУАРИ

15:00ч

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – ОХРИД

Сала: М. М. Брицо во Делчево. Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

16:00ч

МЕТАЛУРГ РА – РАДОВИШ

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Илија Давидовски и Боби Стојановски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

18:00ч

АСТРАИОН – МАКЕДОНИЈА ЃП

Сала: „Парк“ во Струмица. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР НЕГОТИНО

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

18:30ч

МРК КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

19:00ч

МЛАДОСТ – СКОПЈЕ 2020

Сала: „Млаз“ во Богданци. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

19:30ч

ПАРТИЗАН – ГА КЛ 7

Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Сашо Јанкулоски и Мартин Јованоски од Прилеп. Делегат: Ѓорѓи Дучков од Гевгелија.