Куп на Македонија: Куманово со лесен пат до Ф4, Чаир ќе се бори против Деспина

Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беше извршена ждрепката за Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

Кај дамите, ќе има 13 екипи, кои четвртфиналната фаза ќе ја играат во четири групи. Една група е со четири екипи, а три групи имаат по три екипи.

Во групите се игра по принцип полуфинале-финале, а четири победници на групите ќе обезбедат место на завршниот турнир.

Овие дуели по групи се играат на 6 и 7 март, додека завршниот турнир ќе биде на програмата на 8 и 9 мај.

Куп на Македонија, жени, четвртфинална фаза по групи:

Група А – Шампион, Спартак, Кузман Вардар Илинден, Металург
полуфинале:
Шампион – Металург
Спартак – Кузман Вардар Илинден

Група Б – Ѓорче Петров, Чаир, Деспина
полуфинале:
Ѓорче Петров – слободен
Чаир – Деспина

Група Ц – Вардар, Овче Поле СУ, Стружанка
полуфинале:
Вардар – слободен
Овче Поле СУ – Стружанка

Група Д – Пелистер, Гевгелија, Куманово
полуфинале:
Пелистер – слободен
Гевгелија – Куманово