Кумановци без мака против Македонија Ѓорче Петров

Ракометарите на Куманово без поголеми проблеми го совладаа составот на Македонија Ѓорче Петров во натпревар од 8. коло во групата 1 од Првата лига.

Избраниците на Зоран Јосимовски славеа над гостите од Ѓорче Петров со 31-24, откако и на полувреме имаа предност од 13-10.

Во вториот дел по 14-12, кумановци се одлепија на 19-12 со серија од пет голови и веќе немаше назад за гостите, па до крајот се беше рутински одиграно од домашните ракометари.

Најдобри стрелци беа Тасевски и Миладиновски со по осум голови за победничкиот тим, додека кај Македонија Ѓорче Петров се истакна Ѓорѓевски со исто толку.