Куманово ќе биде домаќин на вториот турнир од ВРХЛ лигата

Македонски претставник во новата сезона од регионалната ВРХЛ лига во женска конкуренција ќе биде составот на Куманово. Ова натпреварување сезонава се игра во две квалитативни групи.

Во првата група играат Подравка, Крим, Будуќност и Јагодина, додека во втората играат Куманово, Зајечар, Груде и Рудар.

Првиот турнир од втората група веќе се одигра, а  на вториот на кое домаќин ќе биде Куманово на 25, 26 и 27 октомври, ќе играат уште Зајечар и Рудар.

Третиот ќе се игра во јануари догодина, додека последниот е на програмата во февруари. Потоа следува четвртфинална фаза во која ќе вкрстуваат екипите од двете групи по принципот 1-4, 2-3, 3-2, 4-1, а натпреварите ќе се играат на терените на екипите од втората група.

Победниците од овие четвртфинални средби ќе обезбедат место на завршниот турнир.