Куманово ја освои Автокоманда

Тимот на Куманово по поразот во првото коло од прволигашкиот плеј-оф, славеше изненадувачки на гостувањето во Автокоманда кај составот на Металург РА со 26-29.

Гостите отворија со предност од 0-5 на стартот и најавија дека се дојдени по победа. Избраниците на Владимир Глигоров заиграа малку поангажирано во следниот период и успеаја да се вратат на минус еден, 9-10.

Но повторно следуваше пад на концентрацијата и кумановци си обезбедија солидна залиха на паузата од пет погодоци, 12-17.

Во второто полувреме Куманово водеше и со плус седум, Металург РА во завршницата намали на два пати на минус два, но немаше ниту сила, ниту време за комплетен камбек и триумфот остана за гостите.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Иван Димитров со осум, како и Влатко Тасевски и Давид Цветковски со по шест, додека кај Металург РА се истакна Филип Фидановски со осум погодоци.