Куманово убедлив против Овче Поле СУ во пријателски натпревар

Ракометарките на Куманово остварија убедлива победа на пријателскиот натпревар против тимот на Овче Поле СУ.

Избраничките на Ненад Краљевски славеше против составот од Свети Николе со убедливи 36-13.

Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога кумановки имаа водство со 12 погодоци, 19-7.

Двете екипи се подготвуваат за продолжението на Женската лига, која ќе стартува со натпреварите на почетокот на март.