Куманово убедлив за три бода против Металург РА

Ракометарите на Куманово во натпревар од Првата лига славеа против составот на Металург РА со убедливи 32:25 во натпревар од 13. коло во Групата Б, на кој беа гости на свој терен. Со новите бодови кумановци ја презедоа 4. позиција на табелата во својата група.

Металург РА во воведниот дел од натпреварот со погодоците на Васовски и Прцуловски имаше водство од 3:1, а потоа и од 4:2. Тоа беше последниот момент кога екипата од Автокоманда имаше водство. Во останатиот дел од првото полувреме, ракометарите на Куманово секогаш беа чекор плус пред противникот и одржуваа резултатска контрола, која најчесто беше изразена со еден до два гола разлика. Во самиот финиш на првиот дел, Миладиновски и Петковски, беа ракометарите кои го зголемуваа водството на кумановскиот состав и на својата екипа и овозможија активен резултат од 16:12 на полувреме.

Вториот дел повеќе наликуваше на чиста формалност. Екипата на Куманово имаше целосна доминација во второто полувреме и водството од плус четири позитива од првиот дел беше дополнително зголемено на највисоки 19:13. Металург РА поради кратката клупа не можеше подолго да парира и да остане во живот. Во последните петнаесетина минути, Куманово влезе со предност од 26:19 и тука веќе беше решен победникот на овој дуел.

Најефикасни во победничката екипа со по десет погодоци беа Андреј Миладиновски и Виктор Петковски. Во Металург РА прв стрелец беше Александар Прцуловски со осум гола.