Куманово спаси бод против Вардар Неготино

Ракометарите на Куманово во 9. коло од групата 1 во Првата машка лига пред своите гледачи одиграа само нерешено, 24:24 со Вардар Неготино.

Домаќините добро започнаа и ја имаа предността на своја страна. Во првиот дел го контролираа дуелот и резултатот. Водството од три гола беше постојано, а истата разлика беше и на полувреме од 11:8.

Почетокот на вториот дел донесе брзо израмнување на екипата од Неготино. Од 13:13 се играше гол за гол без шанси за ниту една екипа да се одлепи. Во последните минути Вардар Неготино постигна три гола во серија со што го презема водството, но во завршницатеа не успeаја да го задржат.

Кумановчани стигнаа до израмнување и спасија еден бод иако беа во изгубена ситуација во финишот. Сепак, овој бод е неуспех и со тоа се одалечуваат од шансите за плеј оф.

Најефикасни во составот на Куманово беа Миладиновски со шест и Тасевски со пет гола, додека во екипата на Вардар Неготино најдобар стрелец беше Ташев со седум погодоци.