Куманово со нова стратегија, не сака во иднина да зависи од „легија на странци“

Екипата на Куманово, која оваа сезона се натпреварува во македонската елита, потпиша четиригодишни договори со играчите од младинскиот и кадетскиот тим.

Куманово со новата стратегија сака да создаде своја база на играчи, кои за неколку години би биле носители на играта во првиот тим, односно клубот не би зависел од „легија на странци“.

Договорите на сите ракометари од младинскиот и пионерскиот погон не би биле пречка доколку некој ракометар подоцна би сакал да замине во некој друг клуб или да започне интернационална кариера.

Раководството на клубот сака да ги обезбеди сите услови кон понатамошен успех и развој на клубот.

Пионерската екипа на Куманово во првиот дел од сезоната покажа одлични резултати и во својата група забележа шест победа на исто толку одиграни натпревари.

Младинците на Куманово во конкуренција со Мулти Есенс, Тиквеш, Овче Поле, Младост, Текстилец, Македонија ЃП и Јуниор КВ имаат големи шанси да завршат на 2. позиција во групата Б.