Куманово сака да игра ЛШ во својот град

Раководството на Куманово денеска ја поднесе целата документација во ЕХФ за настап во Лигата на шампионите.

По две години пауза, Куманово би требало да биде третиот македонски тим по Кометал ЃП и Вардар што ќе игра директно во групата од елитното натпреварување. Претходно квалификации играа Металург, ТК Бренд и Еуростандард ЃП.

„Дел од финансиските средства се обезбедени, но во тек се и преговори со неколку реномирани компании, затоа што имаме право на два наши спонзори. Минатогодишната помош што беше поделена на спортските колективи, очекуваме да биде поголема поради овој успех и шансата да се гледа врвен ракомет во нашиот град“, вели Бобан Пеовски, претседател на клубот за „Куманово Њуз“.

Раководството на Куманово ја пријави салата во нивниот град како прва опција за играње на натпреварите, но ќе треба да се извршат голем број корекции. Доколку отпадне, тогаш кумановки ќе играат во Скопје.