Куманово продолжува со тренерот со кој лани победи во Купот на Македонија

Најавите на 24Ракомет дека Ненад Краљевски ќе се врати на клупата на Куманово и ќе продолжи со водењето на овој клуб се потврдени, па стратегот од Србија после шест месеци одново ќе се најде на клупата на овој тим.

Краљевски го водеше лани тимот од победата во Купот на Македонија, но потоа дојде до разделба. Екипата беше преземена од селекторот на сениорските Симе Симовски, но тој вчера поднесе оставка, па клубот реагираше брзо.

Тренерот од Србија ги знае условите во кои ќе работи така што доаѓа на познат терен, но со посилен состав од оној кој го имаше во минатата сезона.

Амбициите остануваат исти, а тоа се освојување на двојната круна и пласман на завршниот турнир во Регионалната лига.