Куманово остана без тренер: Симовски поднесе оставка

Неколку недели пред почетокот на вториот дел од сезоната од домашното првенство екипата на Куманово која е лидер и која има 13 победи на 13 средби остана без тренер откако Симе Симовски денеска поднесе оставка.

Симовски и кумановки се разделија спогодбено така што екипата останува во моментов без стратег, но се очекува брзо назначување на нов.

Засега нема конкретни информации за причините поради кои дојде до заминување на Симовски и да разделба во моменти кога екипата е лидер во Женската лига и на пат да избори место на завршниот турнир во Регионалната лига.