Куманово е пријавено во ЛШ – ама не знае за што конкурирало, чека одговор од РФМ

Според ранкингот на Европската Ракометна Федерација за сезоната 2020/21, која се формира врз основа на клупските резултати од предходните три сезони, Македонија во женска конкуренција се наоѓа на 8 место, а со тоа и следуваат директно место во групите на ЛШ и три во Лигата на Европа.

Пред три дена, ЕХФ објави информација за девет екипи кои што имаат загарантирано место во групите, а ЖРК Куманово како тим што бара апгрејд или вајлд-карта во група со 11 други екипи, кои чекаат на одобрување за преостанатите 7 места.

Порталот „Кумановски Муабети“, објави дека Куманово веднаш реагирало до РФМ и два дена чека повратен одговор на кој начин се пријавени за учеството во Лигата на шампиони.

„Затоа веднаш реагиравме до генералниот секретар на РФМ со барање да ни се даде информација на кој начин не имаат пријавено за учеството во европското натпреварување, односно дали наместо за загарантираното место не имаат пријавено како баратели на вајлд-карта. За жал од РФМ и после два дена сé уште не добивме никаков одговор. Не знаеме од која причина се молчи од нивна страна, и во овој момент не би сакале да шпекулираме, бидејки можеби е само во прашање ненамерен технички пропуст. Затоа ќе почекаме до понеделник, и ако е потребно ќе побараме информации директно од ЕХФ“, изјавија од клубот за „Кумановски Муабети“.