Куманово домаќин на турнир од регионалната ВХРЛ лига – ги пречекува Зајечар и Рудар

Македонскиот вицепрвак Куманово претстојниот викенд ќе биде домаќин на вториот турнир од втората група на регионална ВХРЛ лига.

На овој турнир, покрај домаќинот, ќе настапат српскиот Зајечер и црногорскиот тим Рудар, додека босанскиот Груде е слободен.

Натпреварот меѓу Куманово и Рудар ќе се игра в петок од 20:00 часот, гостинките ќе играат меѓусебе в сабота, додека во недела, нашиот тим ќе игра против Зајечар од 17:30 часот.

Сите натпревари се играат во салата на СОУ „Перо Наков“.

Покрај овој турнир, Куманово ќе го чекаат настапите уште два турнири, во јануари и февруари, кога ќе гостува во Србија и Црна Гора.