Куманово го победи Драчево во пријателски натпревар

Екипите што ќе играат во новата сезона од Првата лига ги користат последните денови пред стартот за пријателски натпревари.

Ракометарите на Куманово го совладаа составот на Драчево со 33-29, откако на полувреме ривалот имаше плус два гола предност, 17-15.

Првото коло во Првата лига се игра следниот викенд на 18/19 септември, а Куманово и Драчево играат во различни групи.

Куманово ќе биде дел од групата Б заедно со Аеродром, Текстилец, Алкалоид, Голден Арт, Јуниор КВ, Металург РА, Македонија ЃП, Астраион и Кичево.

Драчево ќе игра во групата А со екипите на Работнички, Јехона, Младост Богданци, Преспа, Вардар Неготино, Шампион, Партизан Гевгелија и Борец Велес.