Куманово го освои среброто на турнирот „Трофеј Бања Лука“

Кадетите на Куманово го освоија второто место на меѓународниот турнир „Трофеј Бања Лука“, кој се одржуваше во периодот од 16 до18 јуни.

На турнирот секој играше со секого, немаше разигрување за пласман и на крајот според остварените резултати екипите беа рангирани од прво до петто место.

Куманово направи голем успех, бидејќи учеството на турнирот во Бања Лука го заврши со три остварени победи и еден пораз.

Кадетската екипа на Куманово беше подобра од Лакташи, Челинац и Сава Брод, додека македонскиот претставник единствениот пораз го доживеа од Маглај, кој го освои првото место во својата конкуренција.

По завршувањето на сите натпревари беа доделени и индивидуалните награди. Од тимот на Куманово двајца ракометари беа дел од ол-стар тимот.

За најкорисен играч на турнирот, односно МВП беше избран Марио Бошковски, додека признанието за најдобар кружен напаѓаќ му припадна на Сергеј Крстевски.

Остварени резултати на Куманово на меѓународниот турнир „Трофеј Бања Лука“

Куманово – Лакташи 20:15

Куманово – Челинац 30:13

Куманово – Сава Брод 17:12

Куманово – Маглај 27:21