Куманово го задржа перфектниот учинок и после гостувањето во Струга

Ракометарките на Куманово ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето против Стружанка. Кумановки остварија победа од 32:14 и го задржаа перфектниот учинок сезонава во Женската лига.

Куманово многу рано ги реши дилемите околу победникот, од резултат 3:2 направија серија од 11:0 што беше одлучувачко за овој натпревар. До крајот на првиот дел Стуражанка имаше многу проблеми во нападот и постигна само пет гола за 30 минути. На полувреме Куманово имаше високи 15:5.

Второто полувреме беше формалност, Кумановки доминираа до крајот на мечот, а разликата постојано растеше. Девојките на Стружанка во продолжението малку го поправија впечатокот во напад но немаа никакви шанси да избегнат пораз.

Најпрецизна во домашната екипа беше Магдалена Делиоска со шест гола, а Теодора Дукоска постигна пет. За тимот на Куманово Леонида Гичевска со шест беше најефикасна, а Васка Глигоријадис погоди пет пати.

ЖРК СТРУЖАНКА – ЖРК КУМАНОВО 14:32 (5:15)

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски. Делегат: Камер Металари.

СТРУЖАНКА: Ристоска, Јовичинац 1, Голабоска, Маркоска, Дукоска 5, Переска 1, Затуроска, Јоноска, Затуроска 1, Митоска, Ѓоршулеска, Јусуфи, Балоска, Ѓокеска, Петреска, Делиоска 6.

Седмерци: 3/4. Исклучувања: 10 мин.

КУМАНОВО: Косановиќ, Марковиќ 4, Пецанова 3, Ивановска, Боризовска 2, Шарановиќ 3, Чокели 3, Јанкуловска 4, Кипријановска 2, Цветановска, Радевска, Наумоска, Гичевска 6, Глигоријадис 5.

Седмерци: 4/4. Исклучувања: 8 мин.