Куманово беше сигурен против Пелистер – запиша убедлива победа

Еден од фаворитите за освојување на титулата, Куманово, на свој терен запиша убедлива победа против Пелистер со резултат 34:16, во натпревар од 3. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.

Кумановки уште од самиот старт покажаа кој ќе биде победник на овој дуел. Гостинките од Битола дадоа отпор во неколку наврати во првите 30 минути, но не можеа ништо да променат. Водството на Куманово од 4:1 и 6:2 даде јасен сигнал на битолчанки дека ќе имаат тешка задача на денешното гостување.

Избраничките на Кире Митревски, најчесто преку Јанкуловска и Милосављевиќ, доаѓаа до погодок во првото полувреме. Домаќинките во еден период влегоа во серија на грешки, кои беа казнети од гостинскиот табор. Пелистер успеа на двапати да намали на минус два, 10:8 и 11:9.

Куманово во преостанатиот дел од првото полувреме не дозволи Пелистер целосно да се врати во игра, заигра поангажирано во напад и одбрана, и на пауза замина со активен резултат од 14:9.

Во второто полувреме беше скршен отпорот на гостинките. Куманово едноставно доминираше во својата игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство. При резултат од 21:11, јасно беше како ќе се одвиваат работите до самиот крај и во последните дваесетина минути повеќе шанса на терен имаа ракометарките со помала минутажа.

Пелистер во 40. минута најави капитулација, додека неговиот противник најави убедлив триумф поради константното зголемување на своето водство. Крајниот исход од средбата беше убедлив триумф за домаќинот од 18 гола разлика. 34:16.

Најефикасна во победничката екипа беше Алмеида Коста Андреза со шест погодоци. Во составот на Пелистер, Марија Јанкуловска и Драгана Милосављевиќ беа најефикасни со по четири погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124