Куманово без мака до гостински бодови против Шампион

Тимот на Куманово во чекор го следи Металург и ја продолжи победничката низа во Женската лига и по репрезентативната пауза за време на ЕХФ неделата. Кумановки победија убедлив во Скопје против Шампион со 19-35.

Избраничките на Ненад Краљевски во првиот дел направија солидна залиха од шест погодоци, 11-17. Нерешено беше само до 2-2, а потоа се беше во знакот на гостинските ракометарки.

Во второто полувреме кумановки примија само осум голови, а дадоа дури 18, и без никакви проблеми рутински го довршија мечот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ана Шарановиќ со осум и Јована Кипријановска со четири голови, додека во тимот на Шампион се истакна Тамара Богоевска со четири погодоци.