Кумановки со пресврт до триумф на првата контрола со Јагодина

Ракометарките на Куманово имаа успешна контрола против екипата на ЖОРК Јагодина. На првиот од двата натпревари кумановки триумфираа после одлична игра особено во второто полувреме со 24:22.

Гостинките од Србија подобро влегоа во натпреварот и поведоа со 4:1, Куманово брзо се врати и стигна до израмнување на 5:5. Следуваше кризен период во нападот што Јагодина го искористи повторно да создаде позитива која ја задржа до крај на првиот дел. По 30 минути резултатот беше 16:12 во корист на екипата од Србија.

Во продолжението Куманово имаше подобро издание, успеа да ја стигне негативата, а во завршницата и да направи целосен пресврт за конечен триумф на натпреварот.

Најефикасна во составот на Куманово беше Анела Јанкуловска со седум погодоци, а Александра Боризовска постигна пет. Во гостинската екипа од Јагодина, Марија Агбаба постигна шест погодока, а Андријана Татар погоди четирипати.

Истите противници утре со почеток во 13:30 часот ќе одиграат уште еден контролен натпревар. Ова ќе биде последната проверка на формата за екипата на Куманово пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во кој влегуваат со голем оптимизам.

ЖРК КУМАНОВО – ЖОРК ЈАГОДИНА      24:22 (11:16)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Гледачи: 100. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева од Скопје.

КУМАНОВО: Косановиќ, Марковиќ 1, Пецанова, Трајковиќ 1, Ивановска, Боризовска 5, Јовановска, Шарановиќ, Чокели, Стојчевска, Јанкуловска 7, Кипријановска 1, Цветановска 3, Гичевска 3, Глигоријадис 3.

ЈАГОДИНА: Аџиќ 1, Каитовиќ 4, Жижиќ, Сивчев, Нишовиќ, Агбаба 6, Татар 4, Булатовиќ 1, Илиќ, Јововиќ, Ашанин 1, Раичевиќ 2, Ѓурашиновиќ, Гисловиќ 3, Степановиќ.