Кумановки освоија уште една титула, станаа младински шампионки на Македонија

Ракометарките на Куманово ја освоија титулата во младинска конкуренција откако во финалето беа подобри од најголемиот конкурент Металург со минимални 24:23 и ја потврдија домнацијата на клубот во женскиот ракомет сезонава.

Во финалето кое се играше во спортската сала „Перо Наков“ во Куманово после голема борба кумановки успеаја да стигнат до победата иако после првото полувреме губеа 10:11. Сепак, до крај на дуелот направија пресврт и донесоа нов трофеј на Куманово.

Најефикасна во победничкиот тим беше Сара Цветановска со осум погодоци која беше и прв стрелец на турнирот, а втор стрелец беше Ангела Јанкуловска со четири гола. За најдобра голманка на турнирот беше прогласена Марија Јовановска од Куманово.

Во натпреварот за третото место меѓу Деспина и Овче Поле СУ подобра беше екипата од Прилеп. Деспина триуфираше со 25:19.