Кукуловски ефикасен, Брно со убедлив триумф кај Маломерице

Тимот на Брно, каде што игра македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски, забележа нова победа во чешкиот шампионат.

Брно славеше на гостувањето кај составот на Маломерице со убедливи 15 гола разлика, 29-14.

Македонскиот лев бек беше меѓу подобрите на теренот во победничката екипа и успеа да погоди четири пати, а заработи и едно исклучување.

Брно сега има четири победи во серија, со 19 бода се наоѓа на осмото место, последно кое води во плеј-офот.