Кукиќ ги собра вардарци на свадба во Србија – Мораес, Абутовиќ, Maрсениќ, Милосављев, Ѓукиќ…(ФОТО)

И овој викенд продолжува сезоната на спортски, односно ракометни свадби, а последен на листата е српскиот репрезентативец Лазар Кукиќ.

На неговата свадбена веселба во познатиот ресторан „Топчидерац“ во Белград, беа присутни многу ракометари и ракометни работници.

Меѓу нив беа екс вардарците Дејан Милосављев, Илија Абутовиќ, Мијајло Марсениќ, Рожерио Мораес…сегашниот ракометар на „црвено-црните“ Дарко Ѓукиќ…

Беа присутни и Игор Мршуља, екс членот на Јуниор КВ кој му беше колега на Кукиќ во Партизан, потоа Вања Илиќ (Металург и Работнички), исто така колега на младоженецот од српскиот тим, потоа кондицискиот тренер Марија Лојаница…

Кукиќ ги покани и поранешните и сегашни колеги од националниот тим – Немања Илиќ, Владимир Цупара, Петар Ненадиќ, Петар Ѓорѓиќ, Драган Пешмалбек, новиот пелистерец Урош Борзаш…