Кузманоски прозиваше, Бутел почна со тренинзи – ќе тестира со Војводина, Металопластика, Југовиќ…

Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за новата сезона во суперлигашкото друштво.

Новиот тренер Горан Кузманоски и неговиот асистент Дарко Јанев, денеска во спортската сала „Антон Димитров“ го одржаа првиот тренинг.

На тренингот беа присутни сите ракометари на кои ќе се смета во новата сезона, меѓу кои и новаците – Александар Стојаноски, Лука Иваниќ, Дамјан Георгиев, Марко Стојанов и Иван Андревски.

Подготовките ќе се одвиваат во Скопје и во Србија, каде што Бутел Скопје ќе игра пријателски средби со шампионот Војводина, Југовиќ и Металопластика Шабац, а кон крајот на август го очекува и настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид каде ќе игра против Еурофарм Пелистер, Татран Прешов и повторно против Металопластика, како и уште еден меч за пласман.

Пред стартот на Суперлигата, планиран е уште еден пријателски натпревар.

Од клубот заминаа Мирко Мајиќ, Мартин Манасков, Златко Мојсоски, Филип Ивановски, Јовица Младеновски, како и тренерот Кристијан Грчевски.