Кузманоски: Може да се надигруваме и со Загреб

Ракометарите на Еурофарм Работник по триумфот над унгарскиот гигант Веспрем, продолжуваат со натпреварите во регионалната СЕХА лига.

„Фармацевтите“ ги чека гостување кај хрватскиот првак Загреб, а средниот бек Горан Кузманоски фаворитската улога ја препушта на домаќинот.

„Имаат нов тренер и сигурно ракометарите ќе сакаат да покажат квалитет против нас. Загреб е гигант и фаворит на овој дуел, но за нас ќе биде задоволство да се игра против ваков тим. Можеме да се надигруваме со хрватскиот шампион, бидејќи досега никој немаше лесен дуел против нас и никој не нè надигра“, вели Кузманоски.

Натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Работник се игра вечерва во хрватската престолнина со почеток во 19:00 часот.