Кузмановски: Ќе ми биде срам да излезам пред навивачите!

Македонија беше поразена од Црна Гора со 28-24 во второто коло на Европското првенство и ги загуби шансите за место во главната рунда.

Левиот бек Филип Кузмановски вели дека ќе му биде срам да излезе на терен и да погледне кон трибина на дуелот против Данска.

„Срам ми е да излезам на терен против Данска пред овие наши навивачи. Тие заслужуваат многу повеќе во однос на тоа што го покажавме. Немам коментар, не знам што да кажам. Самите сме криви и треба да ги поправиме техничките грешки од дуеот против Словенија, а денеска направивме уште повеќе грешки. Не знам каде е проблемот. Сите зборуваат за некоја нова Макеоднија, да смениме нешто, да не бидеме само пензионерска екипа, да трчаме. Ама ние трчаме како без глава. Црна Гора ни покажа како се бори, ние не се боревме и заслужено нѐ победија“, изјави Кузмановски.

За Македонија останува да го одигра уште натпреварот од третото коло против Данска во понеделник.