Кузмановски: Словенија има квалитет, но ние мораме да бидеме фокусирани на нас

Филип Кузмановски исто како и Пешевски дебитираше на Европското првенство пред шест години, а досега има настап на три европски и две светски првенства.

Меѓу поефикасните е на вечната листа на стрелци така што од него се очекува да има доста одговорност на теренот.

„Максимално сме подготвени за овој шампионат, а добро работевме и се подготвивме и за првиот натпревар. Словенија е квалитетна репрезентација, но ние мораме да бидеме фокусирани на нашата игра. Прво да мислиме на она што ние ќе го прикажеме, а потоа за противникот. Не значи дека ако загубиме од Словенија ќе се откажеме. Мотивирани сме максимално за да го дадеме најдоброто и ќе дадеме сè од себе на терен. Знаеме сите како се бориме за Македонија и тоа ќе го покажеме и денеска на теренот“, изјави Кузмановски.

Ракометарите го одработија денешниот тренинг и полека се подготвуваат за утрешниот дуел против Словенија кој се игра од 18 часот.