Кузмановски и Хановер тешко до четвртфиналето на германскиот Куп

Тимот на Хановер, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Германија.

Хановер многу потешко од очекувањата славеше на гостувањето кај второлигашот Десау со 29-27

Кузмановски имаше два обиди на овој натпревар, но не погоди ниту еднаш, а најдобар стрелец беше Стеинхаусер со осум гола.

Покрај Хановер, во четвртфиналето се пласираа и Фленсбург, Кил, како и Вецлар во чиј стручен штаб е Филип Миркуловски.