Кузмановски и Хановер против „лавовите“ за билет на Ф4

По комплетирањето на осминафиналните двојки во Купот на Германија, познати се и четвртфиналните парови.

Филип Кузмановски и неговиот Хановер добија шанса да се борат за место на завршниот турнир на домашен терен против Рајн Некар Левен.

Филип Миркуловски кој е во стручниот штаб на Вецлар оди на гостински двобој кај Вецлар, додека Лемго чиј гол го брани Борко Ристовски за ривал го доби Гумерсбах.

Најинтересно би требало да биде на дуелот меѓу Кил и Магдебург. Ови натпрвари се на програмата на 4/5 февруари.