Кузмановски и Хановер елиминирани, Рајн Некар патува на Ф4 во германскиот Куп

Тимот на Хановер, каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, е елиминиран во четвртфиналето на Купот на Германија.

Хановер загуби на домашен терен од составот на Рајн Некар Левен со шест гола разлика, 31-25.

Кузмановски доби минутажа на овој натпревар од тренерот Прокоп и постигна еден погодок од четири обиди.

Покрај Рајн Некар, на завршниот турнир патува и Фленсбург, по триумфот по продолженија над Вецлар на Филип Миркуловски со 29-28.