Кузмановски и понежната половина во епизодата „Истражи го Хановер“ (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски во следната сезона ќе настапува за бундеслигашот Хановер.

Заедно со сопругата Моника го посетија градот Хановер, каде што ќе живеат во иднина и се пофалија на социјалните мрежи.

Кузмановски потпиша договор на три сезони со тимот предводен од Ортега, и се очекува да има една од главните улоги по заминувањата на Олсен и Патраил.

Битолчанецот претходно беше член на Пелистер, Металург, Еурофарм Работник, а една сезона мина во Магдебург.