Кузмановски заврши со бундеслигашките обврски и ќе се приклучи на репрезентацијата

Филип Кузмановски вечерва ги заврши бундеслигашките обврски во составот на Хановер за оваа година и од утре би требало да му биде на располагање на селекторот Кире Лазаров за подготовките за СП.

Неговиот Хановер загуби на домашен терен од Бергишер со 32-30, а македонскиот репрезентативец немаше погодоци на овој дуел.

Селекторот Лазаров најави дека му понудил на Кузмановски неколку дена одмор по напорниот ритам во Бундес лигата, но левиот бек одбил и ќе се приклучи на подготовките.

Вечерва настап имаш и Вецлар, во чиј стручен штаб е Филип Миркуловски, а неговиот тим загуби кај фаворитот Фленсбург со 34-24.