Кудуз: Се одомаќинив во Скопје, презадоволен сум од сè (ВИДЕО)

Бекот од Хрватска, кој ова лето пристигна во Вардар како засилување за „црвено-црниот“ табор ќе има голем предизвик во сезоната која што претстои. Тој и колегите ќе треба да одговорат на она што се бара од нив, а во Вардар секогаш се цели на трофеи.

За да може подобро да се адаптира во Скопје пристигнал порано од она што било предвидено.

„Дојдов пред неколку дена и веќе се одомаќинив. Имав време и да прошетам и да го запознаам градот. Презадоволен сум и едвај чекам да почнеме да тргнеме посилно со тренинзите“, рече во својот прв коментар Анте Кудуз.

Пред да пристигне во Вардар имал разговори и со неговите сонародници кои биле во редовите на „црвено-црните“ во минатите сезони.

„Сите со кои зборував кажаа најдобро за Вардар. Се работи за македонски бренд. На мене е само да работам и да ја оправдам довербата која ја имам добиено од страна на тренерот“, рече Кудуз.

Од него ќе се очекува да одговори на бековската линија и во одбраната така што следува интересна сезона и за него во Вардар.