Кувајт Спорт не жалеше пари – го купи најдобриот стрелец од СП!

Екипата на Кувајт Спорт објави дека за новата сезона ангажираше два искусни ракометари. Станува збор за ракометарот од Португалија, Ангел Хернандез и лидерот на катарската репрезентација, Франсис Карол Марзо, кој беше најдобар стрелец на последното СП во Египет.

Двајцата ракометари со екипата потпишаа договор на пет сезони.

Ангел Хернандез во Ал Кувајт се сели од катарскиот клуб, Ал Духаил. Таму беше на позајмица од екипата на Порто. Игра на позиција десен бек и ќе биде прва опција на десната бековска позиција во новиот клуб.

Пред една сезона, Хернандез беше на чекор до трансфер во Вардар, но тој трансфер не се реализира.

Репрезентативецот на Катар, Карол Марзо во Кувајт Спорт ќе пристигне од катарскиот клуб Ал Араби, со кој после Мундијалот потпиша договор на пет сезони. Сепак Кувајт Спорт не жалеше пари и ја плати високата оштета.

Карол Марзо моментално настапува за репрезентацијата на Катар, а претходно го носеше националниот дрес на Куба. Во својата клупска кариера беше дел од Спортинг Лисабон десет сезони.