Крстевски со тројка против романскиот учесник во ЛШ

Македонскиот интернационалец Горан Крстевски со екипата на Фочани во натпревар од шампионатот на Романија беа поразени од Динамо Букурешт со 35:26 (15:12).

Избраниците на Чави Пасквал победата ја заверија уште во првото полувреме, додека вториот дел беше само формалност за поискусниот тим.

Македонецот против романскиот учесник во ЛШ постигна три погодоци, додека негобиот колега Никола Црноглавац беше најефикасен на средбата со осум реализации.

Фочани моментално се наоѓа на 6. позиција на табелата со 33 бода. Тимот на Крстевски на 18 одиграни кола во романскиот шампионат забележа десет победи, три реми и пет порази.