Goran KRSTEVSKI (25) during the handball match North Macedonia vs Denmark, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Debrecen ,Hungary, 17.01.2021, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Крстевски и Фочани ја држат формата, пролетниот дел го почнаа со победа

Репрезентативецот на Македонија, Горан Крстевски, кој настапува во шампионатот на Романија, заедно со екипата на Фочани во својот прв натпревар од пролетниот дел од сезоната беа убедливи против Бузау со 25:19.

Фочани ја оправда фаворитската улога на овој дуел уште во првото полувреме кога константно беше во водство од четири до пет гола разлика. Во вториот дел, Крстевски и неговите колеги имаа лесна задача и лесно се справија со гостинската екипа.

Крстевски на овој натпревар запиша два погодоци од три обиди. Најефикасен на натпреварот беше поранешниот член на Вардар и Металург, Јања Војводиќ со шест погодоци кои беа недоволни за поволен резултат на неговата екипа.

Со новите освоени бодови, екипата на Фочани се позиционираше на 6. позиција на табелата со 31 бод. Фочани во следното коло гостува кај актуелниот лидер на табелата, Потаиса Турда.