Крим ја доби драмата против Ростов, Борусија му украде бод на Брест

Денес се одиграа пет натпревари во рамките од Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Големи изненадувања направија Крим и Борусија Дортмунд. Германскиот тим ремизираше против Брест Бретањ на гостински терен, 33:33. На полувреме резултатот беше 17:20 за Борусија Дортмунд. Во последните пет минути и двете екипи се менуваа во водство, а исходот беше задоволувачки за сите. Брест беше предводен од Ана Грос со седум и Ѓурѓина Јауковиќ со шест погодоци. Во составот на Борусија Дортмунд се истакна Смитс Ингер со 11 голови.

Словенечкиот шампион, Крим на свој терен беше подобар од Ростов Дон со еден гол разлика, 28:27. На полувреме резултатот беше 17:15 за домашната екипа. Одличен натпревар во дресот на Крим одигра репрезентативката на Црна Гора, Матеа Плетикосиќ со девет голови. Во составот на Ростов Дон се истакна Полина Кузнецова со осум голови.

Во А групата, ФТЦ славеше победа над  Вајперс Кристијансад со резултат 30:28. Унгарките во текот на целиот натпревар имаа контрола на резултатот и не дозволија изненадување. Составот од Будимпешта беше предводен од Катрин Клујбер со седум погодоци. Во поразената екипа најефикасна беше Малин Ларсен која исто така беше прецизна седум пати.

Букурешт по два порази во низа се израдува и на 6-та победа во Лигата на шампионите. Романките славеа над Есбјерг со 28:26. ЧСМ Букурешт на овој натпревар беше предводен од Кристина Неагу со седум голови. Во данскиот тим најефикасни со по пет голови беа Мете Транборг и Ингстад Мортенсен.