Криза во украинскиот ЗТР, се заканува гасење на клубот

Поради финансиски проблеми најтрофејната екипа во Украина, ЗТР Запорожје можно е да престане да постои. Причината за кризата е недостиг на средства од спонзорот на клубот.

Ова се наведува во апелот на играчите и тренерите од клубот до Министерството за култура, млади и спорт, Ракометната федерација на Украина, надлежните во регионот на Запорожје кој беше објавен на официјалната веб страна.

„За жал од 1 февруари 2020 година „Запорожтрансформатор„ не успеа да одвои средства за финансирање на ракометниот клуб ЗТР Запорожје и екипата престанува да постои“, се вели во соопштението.

Во апелот до надлежните играчите и тренерите побараа за се одржи клубот кој постои од 1966 година. ЗТР е четиринаесет пати шампион на Украина и е еден од клубовите кои даваат најмногу репрезентативци во националниот тим. Сезонава беа подобри во Купот на ЕХФ од Бутел Скопје кого го елиминираа со гол во последните секунди.